Мисија и визија

Мисија: Обезбедување на потрошувачите со здрави, вкусни и хранливи производи со цел подигнување на нивото на свесност и неопходноста од здрав и избалансиран начин на исхрана.

Визија: Експанзија во компанија со силни и признати Европски брендови кои ќе ги разбудат потребите и желбите на потрошувачите, пред сѐ за квалитетна исхрана и здрав начин на живот.

Политика: Како компанија која одлучи да ја задржи лидерската позиција во регионот во млечната индустрија, Бимилк решително го спроведува следново:
  • Ги задоволува барањата на потрошувачите со одржување на високо ниво на квалитет и безбедност на производите;
  •  За своите потрошувачи обезбедува производи со висок квалитет со постојано преиспитување на нивните барања и подобрување на услугите кои им ги обезбедува;
  •  Постојано унапредување на системите за управување со квалитет, безбедност на храна, заштита на животната средина, заштита на здравјето и безбедност на работно место;
  •  Ги следи и усогласува свои активности со важечката законска регулатива и другите барања што се релевантни за квалитетот и безбедноста на сите производи, процеси, заштита на животната средина, заштита на здравје и безбедностана работно место;
  •  Развива партнерски односи со своите добавувачи, бирајќи ги така што обезбедува суровини и други материјали и услуги кои се со највисок квалитет и со најмало негативно влијание врз животната средина;
  •  Ги унапредува и развива фармите, со подигање на нивото на знаење кај фармерите, со цел обезбедување на доволни количини сурово млеко, чиј квалитет и безбедност треба да ги задоволат највисоките светски стандарди;
  •  Постојано работи на обука на вработените на сите нивоа, зголемување на нивната свест за одговорност, значење и влијание на нивните активности врз безбедноста на производите и животната средина, како и нивната мотивација за успешна, безбедна и ефикасна работа;
  •  Планира и управува со сите процеси на начин кој овозможува исполнување на целите, со најниски можни трошоци, оптимално користење на природните ресурси и минимално негативно влијание врз животната средина, здравјето и безбедноста на вработените, како и на сите кои се наоѓаат на локациите на Бимилк;
  •  Идентификува и применува постапки за унапредување на ефикасноста во однос на користењето на материјали и природни ресурси, намалување или отстранување на употребата на штетни материи, спречување на загадување и контролирано постапување со отпадот;
  •  Разгледува мислења и предлози на сите заинтересирани страни и ги информира за своето определување во врска со оваа Политика, во согласност со која сите вработени ги извршуваат своите активности и за нив носат одговорност.
Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.