Милкшејк Моја кравица

Милкшејкот Моја кравица доаѓа во 4 вкусови, меѓу кои лесно ќе го најдете вашиот омилен. Тие се: нежна ванила, интензивна јагода, уникатен бисквит кекс и вкусни шумски плодови. Разиграјте се со милкшејк Моја Кравица! Овој кремаст и освежителен пијалок најмногу го сакаат најмладите, но всушност – никој не може да му одолее!

Милкшејк: 4 вкусови на задоволство

100g Милкшејк од ванила ги содржи следните нутритивни вредности:

Млечна маст Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
1,5g 3,3g 9g 265 kj /63 kcal

Млекшејк од ванила

Ванила, неодоливо нежен вкус кој секогаш ќе го сакаме, совршено споен со млеко. Милкшејкот од ванила е кремаст и вкусен!

Милкшејк од јагода

Милкшејк од јагода ќе ги освои сите љубители на слатките, овошни вкусови! Интензивен и кремаст, овој милкшејк лесно ќе ви стане омилен десерт!

100g Милкшејк од јагода ги содржи следните нутритивни вредности:

Млечна маст Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
1,5g 3,3g 9,5g 273 kj / 65 kcal

100g Милкшејк од кекс ги содржи следните нутритивни вредности:

Млечна маст Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
1,5g 3,3g 10g 282 kj / 67 kcal

Милкшејк кекс

Неодолива комбинација на млеко и бисквити во уникатна форма: Милкшејк Моја кравица! Милкшејк со вкус на кекс ќе ве врати во детството.

Милкшејк од шумски плодови

Милкшејк од шумски плодови има препознатлив вкус на шумски плодови. Овој милкшејк е идеален избор за сите љубители на интензивни овошни вкусови!

100g Милкшејк од шумски плодови ги содржи следните нутритивни вредности:

Млечна маст Протеини Јаглехидрати Енергетска вредност
1,5g 3g 9g 260 kJ/ 62 kcal

Милкшејк во различни пакувања за практична потрошувачка

Сакате мала доза засладеност или барате најмало можно пакување за секојдневна консумација за вашето дете? Милкшејк од 235ml во Тетра Пак пакување со цевка е совршен избор за вас! Само отворете ја цевката, направете дупка и – сè е подготвено за уживање!

Имате прашања за Моја Кравица милкшејк?

Нашиот милкшејк се базира на висококвалитетно млеко, како и другите млечни производи на Бимилк. Го мешаме со вашите омилени вкусови за да ве воодушевиме со познатите ароми. Се грижиме текстурата да биде кремаста и да се пие. Конечно, ние го пакуваме милкшејкот во практично пакување кое овозможува практично и безбедно искуство при консумација.

Пред отворањето, препорачуваме да се чува на собна температура. Рок на траење е 4 месеци од датумот на производство, кој е наведен на пакувањето. Откако ќе го отворите – чувајте го милкшејкот на температура до 6 степени, по можност во фрижидер. По отворањето, рокот на траење е 3 дена.

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.