00 / 00
|

Бимилк 70 години е столб на македонското млекопроизводство

Датум на објавување 04.04.2022.

(Битола, 04.04.2022) – Со инвестиции во развојот и во одржливоста на млечната индустрија, Бимилк обележува 70 години постоење и работа на македонскиот пазар. Капацитетите на компанијата, производните потенцијали, инвестициите и идните развојни планови беа претставени и пред Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

Бимилк има најголема покриеност на пазарот, широко портфолио производи и е главен снабдувач на пазарот со млеко и млечни производи, истакна Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк. 

„Бимилк денес е синоним за квалитет. Ние сме значаен стопански фактор во земјава, поддржувач на сточарите млекопроизводители, двигател на млечната индустрија во земјава и секако, општествено одговорна компанија со силна поддршка за заедницата. Целиот развоен пат и иновативноста на Бимилк се мотивирани од потрошувачите заради кои и постоиме и затоа нашата благодарност ја упатуваме токму до нив за дадената доверба во нашите производи и за постојаниот поттик за проширување на нашата понуда“, изјави Петрушев. 

Тој додаде дека задржувањето на повеќедецениската лидерска позиција на Бимилк е резултат на постојани инвестиции во сите сегменти од работата, посебно со унапредувањето на технолошките процеси и развојот на нови производи. Изминатите пет години инвестирани се повеќе од 10 милиони евра во развој на компанијата, вклучително и проекти наменети за заштита на човековата околина.

„Во изминатите години континуирано вложувавме во нова, современа технологија за унапредување на процесите. Покрај вложувањата во самата компанија, обезбедена е поддршка во форма на поволни заеми и опрема за фармерите во износ од 8 милиони евра. Тоа несомнено покажува дека кооперантите се во фокусот на нашата развојна стратегија, што е особено важно во ова кризно време кога сите чинители во ланецот на снабдување се соочуваме со предизвици какви што не се видени со децении наназад. Препознаени сме како доверлив партнер не само на фармерите туку и од програмата на УСАИД, со кои неколку години по ред имаме билатерални меморандуми за соработка и заедничка поддршка на семејни фарми со развоен потенцијал. Како резултат на ова, во 2022 година наш фармер ќе биде меѓу првите, ако не и прв кој во земјата ќе почне со користење најсовремен робот за измолзување. Ова се значајни инвестиции и за Бимилк, за стабилноста на компанијата и за зацврстување на позицијата како еден од лидерите на домашниот пазар, но и воопшто и за млечниот пазар и индустријата со што го поттикнуваме развојот и воведуваме нови повисоки стандарди“, додаде генералниот директор на Бимилк. 

Првата млекарница во државата денес го обезбедува пазарот со асортиман од повеќе од 80 производи од млечната индустрија, а со развојната стратегија насочена кон фармерите млекопроизводители, потрошувачите и кон унапредување на процесите во однос на квалитет и квантитет, претставува важен фактор во млечната индустрија на Македонија.

„Им честитам на раководството и вработените во компанијата за овој голем јубилеј. Бимилк денес претставува наш препознатлив бренд и двигател на млечната индустрија во земјава. Бимилк е значаен стопански фактор. Поддржувач на локалната економија и на фармерите млекопроизводители и учесник во општествените процеси со силна поддршка на заедницата, во рамките на својата општествена одговорност како темелна вредност на компанијата. Денес Бимилк го обезбедува домашниот и пазарот во регионот со повеќе од 80 производи. Директно вработува 220 луѓе, а заедно со соработниците и компаниите со кои соработува, овозможува егзистенција на околу 1.500 семејства во земјата. Успехот на оваа компанија од млечната индустрија се должи на имплементирање развојна стратегија насочена кон фармерите млекопроизводители и континуирано вложување во нова, современа технологија за унапредување на работата“, изјави Димитар Ковачевски, Премиер на Влада на Република Северна Македонија.

Битолска млекара е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија, секојдневно задоволувајќи ги потребите на повеќе од милион задоволни потрошувачи. Од нивните желби и потреби започнуваат сите деловни процеси и активности во поглед на развојот, модернизацијата и стандардизацијата на производството, меѓутоа константната отворена комуникација е она што денес ја прави Бимилк компанија што вистински допира до умот и до срцето на потрошувачот.

00 / 00
|
Nazad
|
01 / 02

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Moja Kravica Junior 250ml

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit. Ex saepe odio animi, dolores impedit architecto fuga quam ut, accusamus totam illo doloremque ipsum, deleniti veritatis numquam corporis commodi repellat quasi.

Informacije o proizvodu
Proizvod i opis
Pakovanje/SKU
mlečna mast
Rok trajanja i uslovi čuvanja
Transportno pakovanje
Proteini
Ugljeni hidrati
Energetska vrednost
Balans+ jogurt
TTOSO 1kg
1g
25 dana
12 komada
3,2g
5,2g
192kJ/46kcal