Имлек протеин - Протеин шејк и протеин пудинг

Имлек протеин шејк и Имлек протеин пудинг се вкусни и хранливи опции за сите оние кои се грижат за своето здравје и физичка кондиција. Имлек протеин шејк и пудинг се вистинскиот избор за оние моменти кога сакате да се освежите и да ја надополните енергијата пред или после напорниот тренинг. Со вистинското богатство на млечни протеини, овие протеински млечни производи не само што ќе ве заситат, туку и ќе помогнат вашите мускули да се опорават и растат. Секоја голтка и секој залак се вистинско уживање кое ја комбинира свежината на млекото со моќта на протеините.

Имлек протеин производи – Моќ на дофат!

Протеин шејк

Имлек протеин шејк со 30 грама млечен протеин обезбедува совршена доза на енергија и хранливи материи. Овој шејк не е само вкусен, туку и моќен извор на протеини кои ќе ги поддржат вашите мускули и ќе ви помогнат да ги постигнете вашите фитнес цели.

Протеин пудинг

Имлек протеин пудинг има 20 грама чист млечен протеин. Тој нуди неодолива комбинација на кремаста текстура и богат вкус, давајќи ви задоволство без вишок калории.

Зошто ИМЛЕК ПРОТЕИН производи?

Протеин шејкови - без додаден шеќер

Имлек протеин шејк не содржи додаден шеќер, што го прави идеален дел од секој план на исхрана, особено ако се грижите да го сведете внесот на јаглехидрати на минимум.

Без лактоза

За максимално искористување на сите 30g протеин што ги содржи, Имлек протеин шејкот не содржи лактоза, а со тоа ја олеснува синтезата на протеини во нашиот организам.

Шејк со вкус во кој се ужива

Имлек протеин шејковите нудат неодолив вкус кој ќе ви пружи вистинско задоволство во секоја голтка.

Зошто баш 30G?

Многу спортисти и рекреативци сметаат дека со поголемото внесување на протеини, нивните мускули повеќе растат и се развиваат. Оптималната количина која телото може да ја апсорбира во една консумација е 30g, така што вишокот протеини нема да се искористи. Затоа е добро да се води сметка за оптималната доза на протеини која ни е вистински потребна, за да оствариме подобар и поздрав ефект во нашиот организам. Нашите Имлек протеин шејкови со вкус на чоколадо и ванила со 50g протеин, можете да ги консумирате во неколку наврати – на пример пред и после тренинг, и на тој начин да го искористите целосниот потенцијал на протеините. Имлек протеин шејковите ја содржат дозата на протеини што ви е потребна!

Значењето на протеинот и внесувањето на протеински производи

Зошто протеинските шејкови и пудинзите треба да станат дел од вашата секојдневна исхрана?

За да го знаете одговорот на ова прашање – треба да знаете која е главната карактеристика на протеинот и зошто е важен неговиот внес. Протеините (белковини) се есенцијални елементи во облик на големи молекули, кои се неопходни за клетките на организмот – како за раст, така и за нивна регенерација, па и за добро функционирање во структурата на сите живи клетки во организмот.
За значењето на протеините доволно кажува и самото потекло на нивното име – зборот ,,протеин” потекнува од грчкиот збор ,,протос”, што значи ,,прв елемент”. Протеините за организмот претставуваат многу значајни молекули, кои се во основата на правилната исхрана на рекреативците и спортистите кои сакаат да поработат на своето здравје, тело, но и на духот.

Протеините во исхраната

Во последниве години, протеините сѐ повеќе се во центарот на нутриционистичките планови за исхрана. Протеините се еден од трите макронутриенти (јаглехидрати, масти, протеини), што значи дека на телото му е потребен нивен редовен и релативно голем внес. За разлика од мастите и јаглехидратите, телото не складира резерви на протеини, па нема залихи кои може да ги искористи во случај да му се дополнително потребни на организмот. Токму затоа е важен оптималниот внес на протеини на дневно ниво.

Што е млечен протеин?

Кога го користиме изразот ,,млечен протеин”, тој обично се однесува на многу скапоцени сушени состојки, кои имаат голем број на функционални и нутритивни предности, а тие се екстрахирани од млекото. Млечниот протеин има околу 80% казеин и 20% протеин од сурутка, па, поради придобивките кои ги носат, често се консумираат како додатоци на исхраната. Млечните протеини имаат антикатаболички ефекти – спречуваат разградување на мускулите, потпомагаат во загубата на масти од организмот и ги содржат сите 9 аминокиселини кои му се потребни на организмот за да функционира оптимално! Млечниот протеин се впива бавно, што обезбедува постојано снабдување на мускулите со аминокиселини во подолг временски период. Имлек протеин шејк и пудинг имаат млечен протеин, што ги прави идеален извор на протеини помеѓу оброците или после тренинг.

Протеините и физичката активност

За време на вежбањето, кога ги изложуваме мускулите на напор, во нив настануваат микрооштетувања (воспаление на мускулите). Во состојба на мирување по вежбање, мускулите се регенерираат и го зајакнуваат телото. На телото му е неопходен протеин за да дојде до регенерација. Независно од тоа дали тренирате секојдневно или вежбате повремено, најдобар начин да си ја обновите силата и да ги нахраните клетките е со соодветен внес на белковини и вкусен протеински шејк или пудинг.

Кога е најдобро да се конзумира протеински шејк или пудинг?

За најдобри резултати и закрепнување по вежбањето, неопходно е протеинот да се внесе брзо по тренингот. Протеинскиот шејк и пудинг претставуваат наједноставен начин на консумација на потребниот протеин. По тренингот би било најдобро да се консумира барем половина од препорачаната доза, додека остатокот можете да го внесете и преку други оброци.

Други производи на Бимилк

Scroll to Top

Веб страната користи колачиња за да овозможи најдобро искуство. Со користење на bimilk.mk се согласувате со нашата политика за приватност и користењето на колачиња во согласност со нашата политика за колачиња.