Состојки
150g Битолска павлака
70g кокос
40g мелени бисквити
2 лажици мед
бадем/лешник
Подготовка
Измешајте ги сите состојки (павлака, кокос, мелени бисквити и мед), освен бадемите во длабок сад. Наместо мед може да ставите јаворов сируп или агаве.
Оформете бомбици, во средина ставете бадем или лешник и извалкајте ги повторно во кокос.